NASA предупреди дека низ вселената се движи астероид со огромни димензии, наречен 2016 NF23, и кој се смета за потенцијално опасен. Проценето е дека астероидот е голем 160 метри и се движи со брзина од преку 32 илјади километри на час.
Според пишувањата на лондонски Mirror, се работи за астероид кој е значително поголем од оној го погоди подрачјето на рускиот град Чељабинск во 2013 година, кога 1,500 лица побараа лекарска помош.
Добрата вест е во тоа што астероидот нема да се судри со Земјата, и тој покрај неа ќе помине на раздалеченост од 4,5 милиони километри, а NASA го смета за потенцијално опасен бидејќи во случај на судар со Земјата, ударот би бил толку силен што целосно би бил уништен еден град со повеќемилионско население.
Текстот NASA предупредува дека опасен астероид се движи низ вселената е превземен од USB.mk.