Американската Национална воздушно-вселенска агенција – НАСА проектираше нови костими кои ќе послужат во мисијата за враќање на Месечината до 2024 година.
Администрацијата на Доналд Трамп во март ѝ даде задача на НАСА да спушти луѓе на нашиот природен сателит до 2024 година. Така, Агенцијата ги претстави два нови скафандера, скроени за астронаутите кои допрва ќе стапнат на Месецот.
Двајца покажувачи во седиштето на НАСА во Вашингтон, ја демонстрираа удобноста и функционалноста на костимите – чекореа пред публиката, правеа склекови и покажаа како ќе изгледа вселенското движење на нулта гравитација, во рамки на програмата Артемис на Месечината.
– Ова е првиот костим што сме го изработиле последниве 40-на години. Денеска гледавте прототип на „компресиски костими“. Системот за одржување на живот е во лабораторијата во Хјустон. Сакаме да им овозможиме на нашите астронаути да бидат и научници на површината на Месечината, рече Крис Хансен, директор во Одделот за конструирање вселенски костими при НАСА.
Ова се скафандерите за внатре во вселенското летало. Кога астронаутите ќе се симнат на површината на Месечината, ќе имаат друг, поголем костим.
Новите костими ќе овозможи многу полесно движење во леталото.
Текстот НАСА претстави нови флексибилни вселенски костими (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.