NASA: Сатурн забрзано ги губи прстените

Сатурн со голема брзина ги губи прстените, објави NASA повикувајќи се на најново истражување чии резултати се темелат на нивното набљудување, но и на вчитувањата на вселенските летала „Војаџер“ 1 и 2 со помош на кои научниците пред 10 години ја проценија просечната брзина на исчезнување на прстените.

Прстените на Сатурн се состојат воглавно од парчиња мраз со различна големина, некои се микроскопски како прашинка, некои се со големина од еден метар, а исчезнуваат затоа што Сатурн со гравитацијата ги привлекува кон себе, па тие се спуштаат кон планетата во форма на дожд од замрзнати четички.

„Проценивме дека со тој ‘дожд од прстени’ за половина час би можел да се наполни еден олимписки базен“, рекол астрофизичарот Џејмс О’Донохју за NASA.

Според него, ако се земе предвид само тој дожд, прстените за 300 милиони години ќе исчезнат во целост.

Научниците уште не се сигурни дали Сатурн од почетокот имал прстени или тие настанале во подоцнежната фаза од неговиот живот, а најновото истражување зборува во прилог на теоријата за подоцнежно настанување, па можно е прстените да не се постари од 100 милиони години.

Сатурн во 2094 година треба да направи круг околу Сонцето, па во текот на неговото патување четсичките на прстените на различни нивоа се изложени на Сонце.

Текстот NASA: Сатурн забрзано ги губи прстените е превземен од USB.mk.