NASA со сателит ќе ја создава најпрецизната карта на Земјата

NASA се подготвува за нова вселенска мисија која има за цел да ја создаде најпрецизна карта на Земјата досега. На крајот на следната недела, вселенската агенција ќе го лансира сателитот ICESat-2 , кој е опремен со ласерски систем ATLAS.

ATLAS има шест ласерски зраци кои ќе исфрлаат по 10.000 импулси на Земјата секоја секунда. Ова е околу 20 трилиони фотони во секој пулс. Научниците ќе го измерат времето кога фотонот ќе ја достигне Земјата и ќе се врати назад. Ова ќе им даде на научниците точна идеја за висината и обликот на теренот. Со оглед на растојанието, времето на движење на фотонот и брзината на пулсот, мерењата може да се направат приближно на секои 97 см изминато растојание.

Новото вселенско летало ќе им овозможи на научниците да дознаат исто така колку топењето на мразот придонесува за зголемување на нивото на океанот. Сателитот ќе направи четири круга годишно околу Земјата, а тоа ќе овозможи промени во топографијата и проценка на влијанието на климатските промени

Текстот NASA со сателит ќе ја создава најпрецизната карта на Земјата е превземен од USB.mk.