Американската Агенција за истражување на вселената (NASA) тестираше ракетен мотор РС-25, кој планира да го користи за свои експедиции на Месечината, јави агенцијата Анадолија.
Во соопштението на НАСА се наведува дека моторот С-25, кој е планиран за лансирање ракети на Месечината, е тестиран во вселенскиот центар Стенис во Мисисипи, САД.
Тестирањето на системот на фирмата „Аероџет Рокетдин“ (Aerojet Rocketdyne) било успешно извршено. Планирано е РС-25 да го замени постоечкиот мотор „Спејс ланч систем“ (SLS), информира Анадолија.
Текстот NASA тестираше ракетен мотор за експедиција на Месечината е превземен од USB.mk.