NASA верува дека Opportunity може да преживее песочна олуја на Марс

Помина доста време откако роверот на NASA, Opportunity, имаше било каква комуникација со Земјата, но од американската вселенска агенција се уште се оптимисти дека тој може да преживее песочна олуја.

Роверот не е активен уште од 10 јуни кога поради огромна песочна олуја беше оневозможена работата на соларните панели. Меѓутоа, олујата се смирува а во NASA нестрпливо очекуваат да видат дали роверот ќе “оживее“ и ќе ја продолжи својата мисија.

Opportunity е стар речиси 15 години и неодамна ги надмина првобитните очекувања дека ќе функционира само за време на тримесечната мисија. Меѓутоа тој продолжи да работи и да доставува научни опсервации до Земјата.

Иако долго време е неактивен, во NASA веруваат дека има причини за оптимизам, а проучувањето на батериите на роверот пред олујата покажало дека се во добра состојба и дека веројатно нема да доживеат значителна деградација за време на периодот на песочната олуја. Температурите на локацијата на која се наоѓа роверот би требало да останат доволно високи за тој да продолжи да функционира.

Текстот NASA верува дека Opportunity може да преживее песочна олуја на Марс е превземен од USB.mk.