Наскоро ќе можете сами да направите AI робот

Вештачката интелигенција е се повеќе присутна …

Вештачката интелигенција (AI) стана присутна во сите области на животот – во паметните телефони, компјутерите, банкарството, здравството…

Google одлучи да понуди бесплатна алатка која работи во веб-пребарувачот и со која можете да изградите свој AI робот.

„Teachable Machine 2.0“ е апликација која има поддршка за препознавање лица, предмети и движења. Може да работи со веќе собрани податоци и може сама да ги собира.

Интересно е и тоа што “Teachable Machine” не бара знаење за програмирање, така што можат да ја искористат и оние кои ги преземат првите чекори во светот на софтверски дизајн и AI.

Google, исто така има попрофесионална верзија на овој софтвер наречена „Cloud AutoML“, дизајниран за искусни развивачи кои работат со големи бази на податоци и сакаат да создадат напредни AI системи.

Извор: Srbija Danas

Текстот Наскоро ќе можете сами да направите AI робот е превземен од USB.mk.