Наскоро LIGO ќе може секојдневно да детектира гравитациони бранови

Опсерваторијата за гравитициони бранови, LIGO, ќе направи надградба од 35 милиони долари, со која ќе им овозможи на научниците секојдневно да детектираат гравитациони бранови. Имајќи предвид дека досега LIGO има забележано само 11 гравитациони бранови, оваа надградба се очекува да го зголеми нашето знаење за тоа како гравитацијата влијае на просторот.

Новиот детектор, познат како Advanced LIGO Plus, почнувајќи од 2024 година ќе се обиде да го надмине квантното правило – принципот на несигурност на Хајзенберг, за да ја подобри способноста на машината да открива мали бранови во време-просторот. Принципот на неизвесност на Хајзенберг вели дека е невозможно истовремено прецизно да се измерат одредени својства, како што се позицијата и динамиката на објектот.

Во секој од двата детектори на опсерваторијата, кој се наоѓа во Ливингстон, Луизијана и Ханфорд, Вашингтон, светлина од ласер патува напред и назад низ две 4 километрни цевки, наместени како буквата “Г“.

За да се утврди дали гравитациониот бран минува низ Земјата, научниците со посебни квантни техники ја мерат осветленоста на светлината каде што цевките се среќаваат.

Надградбата ќе овозможи истражувачите да користат квантна “исцедена” светлина, во која се намалуваат флуктуациите (шумот) во фазата на светлината, кои ги прават гравитационите бранови потешки за детекција. Како резултат на тоа, LIGO подобро ќе ги детектира гравитационите бранови со повисоки фреквенции.

“Тоа е возбудливо, но доаѓа со казна”, рече физичарот Мајкл Цукер од Caltech и лабораторијата MIT LIGO на прес-конференцијата. Флуктуациите во моќта на светлината се зголемуваат, што го отежнува мерењето на ниските фреквентни гравитациони бранови. “Тоа не те извинува од принципот на неизвесност на Хајзенберг”.

Но, во Advanced LIGO Plus, научниците ќе користат систем кој ќе го извлече најдоброто од двата света. Новиот детектор ќе може да го притисне светлото на еден начин за појава на ниски фреквенции, а на друг за повисоки фреквентни сигнали, и ова драстично ќе ја подобри ефикасноста на машината во целина.

“Тоа е уште еден сложен чекор”, вели физичарот Хартмут Гроте од Универзитетот Кардиф во Велс.

Друг детектор во Индија, наречен Лиго-Индија, исто така се очекува да се вклучи во исто време како и Advanced LIGO Plus, и ќе ги користи истите квантни техники.

 

Текстот Наскоро LIGO ќе може секојдневно да детектира гравитациони бранови е превземен од USB.mk.