Тестирана е нова технологија која може да обезбеди поголем степен на безбедност при плаќање со картички.
Новина е дека во нив е вграден читач од вашиот отпечаток од прст, објави BBC.
Платежните картички од новата генерација би требало да ја подигне ефикасноста на плаќањето и безбедноста на повисоко ниво, објави британски BBC Click.
Таквите картички не се разликуваат од стандардните, ниту пак бараат некаков вид на напојување, бидејќи потребната енергија ја црпат од електронскиот уред за плаќање, на кој се потпираат. Единствено претходно е потребно картичката да го сними врвот, односно отпечатокот од вашиот прст од различни агли, така што никој друг да не може да ја користи, но ни фалсификува.
Истражувањата покажуваат дека мислењата на корисниците се поделени, дека некои се радуваат на воведувањето на биометриска технологија во платниот систем, некои не се. Проблемот е што е неопходно опремување на продавниците со читачи и терминали кои можат да го читаат овој вид (биометриска) верификација, изјави Џорџина Булки, директорка за стратегија и иновации во компанијата RBS/NatWest.
Извор: B92.net
Текстот Наскоро платежни картички со отпечаток од прст е превземен од USB.mk.