Наскоро повеќе нема да има носорози

Илегалниот лов на носорози во Боцвана оваа година бил во голем пораст, соопштиле властите на оваа африканска држава.

Илегалниот лов на носорози, на кои инаку им се заканува изумирање, особено е развиен во делтата Окаванго, каде во текот на 2019 година биле уловени 23 бели носорози и 8 црни кои биле убиени уште во октомври 2018 година.

Ова се податоците кои ги соопштило Министерството за животна средина, заштита на загрозените видови и туризам. Помеѓу април и октомври оваа година биле убиени 9 носорози, соопштило министерството, додека од октомври биле убиени уште 13, што е огромна бројка. Боцвана се вбројува во африканските земји во кои има најмногу носорози.

Во период од 2007 до 2017 година во Боцвана биле уловени вкупно 7 носорози, пишува на сајтот на организацијата “Спасете ги носорозите”. Прецизната бројка се смета за тајна, но државната служба која се грижи за животната средина тврди дека, доколку ловот продолжи со ист интензитет, во Боцвана повеќе нема да има носорози за една до две години, особено црни бидејќи се најзагрозени.

Боцвана ја искористила приликата да добие 100 носорози од Јужна Африка во 2015 година, кога таа земја одлучила да им овозможи одреден број на животни за да се зголеми нивната популација и за да се спречи недозволениот лов.

Боцвана важи за земја во која прописите за заштита на дивите животни се многу строги и таа земја потрошила значајни средства за да го спречи недозволениот лов. Меѓутоа, ловците не се откажуваат од животните кои се барани на пазарот поради нивниот рог. Имено, за рогот на носорозите се плаќа и до 60.000 долари по килограм, а најголем процент од купувачите се од Азија, каде рогот се смета за најдобар афродизијак и важи за многу лековит.

Извор: Kurir.rs

Текстот Наскоро повеќе нема да има носорози е превземен од USB.mk.