Тим научници од Универзитетот во Кардиф во Велс, открија начин за уништување на ракот на простата, гради, бели дробови и на други органи. Откритието е објавено во списанието Nature Immunology.
Наодите сè уште не се тестирани на пациенти, но се нагласува дека откритието има огромен потенцијал, иако е во рана фаза на истражувањето.
Имуниот систем e природен одбранбен механизам од инфекции кај човекот. Како што изјави д-р Гари Далтон, научниците дојдоа до сознанија дека Т-клетките во крвта, веројатно се природна заштита и од појава на рак и тумори.
Научниците трагаат по неконвенционални и претходно откриени начини како имуниот систем напаѓа тумори. Открија дека тоа се Т-клетките во човечката крв. Тоа е имунолошка клетка која може да го скенира телото и да процени дали постои закана која треба да биде елиминирана. Разликата е во тоа што оваа клетка може да нападне различни видови на рак.
Т-клетките имаат рецептори на површината кои им овозможуваат да „видат“ на хемиско ниво. Сега се истражува начинот на кој тоа се остварува.
Идејата е да се земе примерок на крв од пациент кој боледува од рак и извадените Т-клетки да бидат генетски модицифицирани со цел да бидат репрограмирани за да станат рецептори за откривање на рак. Надградените клетки би се одгледувале во огромни количини во лаборатории и потоа би биле враќани кај пациентите. Процедурата е иста како кај CAR-T терапијата.
Засега, истражувањето е тестирано само на животни во лабораториска средина, а пред да прејдат на луѓето, на научниците би им биле потребни уште одреден број безбедносни проверки.
Текстот Научници од Кардиф: Лекот за ракот најверојатно е во човековото тело е превземен од USB.mk.