Научници од лабораторијата за вештачка интелигенција на универзитетот MIT создадоа робот којшто може да управува со било каков предмет на најпогодниот начин.
Системот, наречен Dense Object Nets (DON,) користи технологија којашто им овозможува на роботите да ги увидат основните разлики помеѓу нештата. Така, тие умеат да анализираат и визуелно да ги разберат предметите со цел да можат да ги управуваат онака како што треба.
Благодарение на оваа технологија роботите знаат да го одберат конкретниот предмет од купче слични предмети. Според тимот истражувачи ова може да биде многу корисно за машините коишто се користат во магацините на големите компании од типот на Amazon и Walmart.
Системот DON му овозможува на роботот, односно машината, да фати и да подигне предмет за некој негов конкретен дел. На пример да го фати “јазикот“ на патиката и да ја помести. Штом еднаш ќе го направи тоа, роботот после ги препознава тие делови на нови предмети што дотогаш не ги видел.
Освен за индустриски цели научниците од MIT тврдат дека DON технологијата може да биде корисна и во домот, каде што роботот би го средувал нередот или би бил одговорен за поспецифични задачи како редење на чинии и слично.
Текстот Научници од MIT создадоа робот може да чисти низ домот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.