Научниците при Универзитетот Стенфорд дизајнирале електрокаталитички механизам кој работи по принципот на белите дробови и водата ја претвора во гориво, пишува Science Daily.
Новото истражување, објавено на 20 декември минатата година во списанието Joule, може да помогне за подобрување на постоечките технологии за добивање чиста енергија.
Чинот на вдишување и издишување за повеќето организми е автоматизиран и може да се смета како мошне едноставен, но самиот процес всушност е еден од најсофистицираните системи за двонасочна размена на гасови, воопшто пронајдени во природата.
Со секој здив, воздухот се движи низ мали бронхиоли на белите дробови, додека не пристигне до минијатурните вреќички наречени алвеоли. Од таму, гасот мора да премине во крвотокот без дифузија, што би предизвикало формирање на штетни меурчиња.
Тука голема улога игра уникатната структура на алвеолите – вклучувајќи ја и дебелината на мембраната што ги отфрла молекулите на водата и ги привлекува кон надворешната површина – бидејќи го спречува формирањето на овие меури и создава високо ефикасна размена на гасови.
Научниците во лабораторијата на водечкиот автор на истражувањето Ји Кју од Катедрата за наука на материјали при Универзитетот Стенфорд добиле инспирација од овој процес со цел да развијат подобри електрокаталисти: материјали кои ја зголемуваат стапката на хемиската реакција на електрода.
“Технологиите за чиста енергија покажаа способност за брзо испорака на гасни реактиви во реакциониот интерфејс, но обратната насока – ефикасна еволуција на гасниот производ од интерфејсот на каталитичкиот/електролитот – останува предизвик“, вели првиот автор на студијата, Јун Ли.
Механизмот на тимот структурно ги имитира алвеолите и спроведува два различни процеси за да ги подобри реакциите што ги носат одржливите технологии како што се горивните ќелии и металните воздушни батерии, додава Science Daily.
Текстот Научници од Стенфорд развија механизам кој водата ја претвора во гориво е превземен од USB.mk.