Со денешната технологија, можеме да печатиме 3D механички делови, протези, па дури и пиштоли и храна. Но, тим на биомедицински инженери при Универзитетот во Јута разви метод за произведување на човечки ткива како што се лигаментите и тетивите, процес кој значително ќе го подобри закрепнувањето на пациентот, пишува Science Daily.
Најновиот труд покажува дека на лице со лошо оштетен лигамент, тетива или руптуриран диск може едноставно да му се отпечати ново заменско ткиво и тоа потоа да се вгради во оштетеното подрачје.
“Тоа ќе им овозможи на пациентите да добијат заменливи ткива без дополнителни операции и без да жнеат ткиво од други места, што пак претставува друг извор на проблеми“, вели асистентот професор по биомедицински инженеринг на Универзитетот во Јута, Роби Боулс, кој е и коавтор на трудот заедно со поранешниот студент на Универзитетот за биомедицински инженеринг, Дејвид Ед.
Методот на 3D печатење, за чиј развој беа потребни две години, вклучува земање на матични клетки од сопствените телесни маснотии на пациентот и нивно печатење на слој од хидрогел за да се формира тетива или лигамент, кој пак подоцна ќе се развива in vitro, пред да биде вграден.
Се работи за исклучително сложен процес, бидејќи тој вид на сврзно ткиво е составен од различни клетки во комплексни модели. На пример, клетките што ја сочинуваат тетива или лигаменти мора постепено да се префрлат на коскените клетки, така што ткивото ќе може да се зацврсти на коската.
“Ова е техника на многу контролиран начин, за да се создаде шема и организации на клетки кои не би можеле да ги создадете со претходните технологии. Тоа ни овозможува многу специфично да ги поставиме потоа клетките онаму каде што сакаме“, вели Боулс за процесот на печатење.
Текстот Научници пронајдоа метод на 3D печатење на клетки кои произведуваат човечко ткиво е превземен од USB.mk.