Научници сосема случајно открија нова галаксија (ВИДЕО)

Група астрономи, набљудувајќи збиено ѕвездено јато, забележале дека некои ѕвезди не се дел од набљудуваниот збир и брзо откриле дека се дел од блиска галаксија која до тој момент била целосно непозната за човечкото око.

Станува збор за мала, но прилично стара галаксија која се наоѓа 30 милиони светлосни години од нашата. Досега не била забележана бидејќи се наоѓа во сенка на ѕвезденото јато NGC 6752, предмет на првичното истражување.

Новооткриената галаксија е изолирана, научниците претпоставуваат дека е настаната пред неколку милијарди години што ја прави совршен кандидат за проучување.

Галаксијата е откриена со помош на телескопот Хабл.

Текстот Научници сосема случајно открија нова галаксија (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.