И покрај тоа што имаат прилично едноставен визуелен систем, овошните муви се способни доста добро да прават разлика помеѓу лицата врз основа на нивниот изглед, пишува Science Daily. Ова е задача која што им создава потешкотии дури и на луѓето, а научниците сега успејаа да создадат вештачки нервен систем кој го имитира визуелниот систем на овошна мува и може да ги разликува и повторно да идентификува други муви.
Новото откритие може да им овозможи на илјадници лаборатории ширум светот кои ги користат овошните муви како пример, да направат повеќе експерименти, согледувајќи како индивидуалните муви се менуваат со текот на времето. Откритието исто така докажува дека визијата на овошната муша е многу појасна отколку што претходно се претпоставуваше.
Во еден проект финансиран од страна на канадскиот Институт за напредно истражување (CIFAR) Grant Catalyst, научниците ги искомбинираа познавањата на биологијата на овошната мува, со машинско учење за изградба на биолошки базиран алгоритам кој произведува видеа со мала резолуција, налик на видот на овошните муви.
Оваа компјутерска програма ја има истата теоретска способност за внесување и обработка на визуелни информации како што тоа го прави овошна мува и беше обучена да го направи истото преку пример на видео од дводневен лет на една мува, додава Science Daily.
Текстот Научници создадоа вештачка мува која може да разликува лица е превземен од USB.mk.