Меѓународен тим на научници создаде антибиотик против ракот, кој го спречува понатамошниот раст на клетките на истиот. Експертите синтетизирале антиканцерска супстанца наречена кедарцин, која е ефикасна во борбата против клетките на ракот и бактериите отпорни на антибиотици.
Соединението е извадено од примероци на почва во Индија пред околу 30 години. Научниците дошле до заклучок дека молекуларната структура, 10 години по отворањето во природата, поседува голема биолошка активност и предизвикува ДНК попреченост во клетките на микроорганизми и во клетките на ракот, по што го спречува понатамошниот раст.
Долго време, научниците не успеале да го добијат соединението во лабораториска средина, бидејќи неговатаа структура е многу комплексна. Сепак, тие веруваат дека резултатите ќе придонесат за развој на нова генерација на антибиотици и лекови против рак.
Текстот Научници создале антибиотик против канцер е превземен од USB.mk.