NASA можеби смисли решение за повратно патување на Марс. Имено, досега недостатокот на гориво при враќањето на Земјата претставувало голем проблем за експертите од NASA и порано било тешко да се планира патување до Црвената планета со човечки екипаж.
Доколку постоеле такви планови, патувањето секогаш било осмислено како едносмерно, без можност за враќање на екипажот на својата родна планета.
Но, експертите сега работат на многу интересно решение за недостатокот од гориво. Тие планираат да го искористат тлото на Марс и да го претворат во ракетно гориво, јавува Science Alert.
Тлото на Марс содржи мало количество на вода
Курт Лехт, водечки научник од NASA, објаснил дека таквата идеја би можела да функционира. Системот наречен “In-Situ Resource Utilization” (ISRU) би требало да извлекува вода од реголитата на Марс, односно од тлото со впечатлива црвена боја. Имено, научниците сметаат дека во тлото на Марс се наоѓа мала количина на вода.
Со електролиза до ракетно гориво
Идејата на NASA е по пат на електролиза, системот да ја разложува водата на кислород и водород и добиениот водород да се меша со јаглеродниот диоксид од атмосферата на Марс. Со тоа би се добило метан кој може да се користи како ракетно гориво.
“Оваа технологија би можела да им овозможи на луѓето да живеат и работат на Марс, а потоа безбедно да се вратат на Земјата”, напиша Курт.
Извор: Index.hr
Текстот Научниците имаат луда идеја: Тлото на Марс ќе се користи како ракетно гориво (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.