Астрономите пронајдоа ѕвезда за која веруваат дека е една од најстарите ѕвезди во вселената. Проценуваат дека е стара 13,5 милијарди години и дека е формирана речиси во целост од материјали кои настанале од Големата експлозија.
Годините на староста на ѕвездата сугерираат дека и нашето Сонце би можело да биде најмалку три милијарди години постаро од тоа што досега се мислеше, се наведува во истражувањето на Универзитетот Џон Хопкинс во Мериленд.
Составот на новооткриеното тело укажува на тоа дека можеби постои само една генерација која настанала од Големата експлозија во космичкото вселенско стебло.
„Оваа ѕвезда е можеби една во 10 милиони“, вели Кевин Шлауфман, доцент за физика и астрономија и водечки автор на истражувањето, наведува Independent,
„Тоа ни говори нешто многу важно кога се во прашање првите генерации на ѕвезди”, додаде тој.
Првите ѕвезди се формирани откако универзумот е создаден со Големата експлозија пред 13.8 милијарди години, а настанале во целост од водород, хелиум и мали количества литиум. Овие ѕвезди потоа произвеле елементи потешки од хелиум во нивните јадра и експлодирале како супернови.
Следната генерација ѕвезди настанале од облак на материјал обложен со тие метали, кои и ги уфрлиле во својот систем. Содржината на металите се зголемувала како продолжувал циклусот на раѓање и смртта на ѕвездите.
Новооткриената ѕвезда – со име 2MASS J18082002-5104378 B – има исклучително ниска содржина на метали, што укажува дека е формирана релативно брзо по Големата експлозија.
Всушност, оваа ѕвезда содржи многу помалку метали отколку било која друга досега откриена.
Извор: B92.net
Текстот Научниците ја открија една од најстарите ѕвезди во вселената? е превземен од USB.mk.