Екипа астрономи од Институтот Макс Планк во Германија во галаксијата Холмберг открила една од најголемите црни дупки, оддалечена на околу 700 милиони светлосни години.
Толку е голема што во неа би можеле да влезат неколку наши Сончеви системи. Многу е поголема од типичните супермасивни црни дупки, што, според терминологијата на научниците, ја прави ултрамасивна црна дупка.
Scientists think This is what Earth would look like orbiting a supermassive black hole pic.twitter.com/4eRZqDhpdg
— The Human Experience (@thehumanxp) August 2, 2019
Научниците движењето на ѕвездите кои ја окружуваат галаксијата ги анализирале со помош на огромен телескоп. Овој, најголем оптички телескоп на светот, се наоѓа во чилеанската пустина Атакама и се состои од четири 8,2-метарски телескопи од кои секој е милијарди пати појак од човечкото око. Астрономите процениле дека црната дупка, наречена Holm 15A*, е околу 40 милијарди пати поголема од масата на нашето Сонце.
Тоа ја прави една од најголемите црни дупки некогаш забележани. Истражувањето и натаму чека стручна рецензија.
Извор: Kurir.rs
Текстот Научниците ја открија најголемата црна дупка досега (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.