Научниците конечно откриваат што се крие зад Нептун?

Астрономите сега се уверени дека во нашиот соларен систем постои дополнителна планета, но тешко е да се забележи бидејќи е премногу далеку.

Со децении научниците изнесувале теории дека постои деветта планета, која би била десетта ако Плутон не се деградирал како џуџеста планета, во нашето галактичко соседство, пишува “Washington Post”.

Се смета дека оваа планета, наречена Планета 9, е 10 пати поголема од Земјата и 20 пати поодалечена од Сонцето отколку Нептун – е најдалечната планета во соларниот систем.

Иако постоењето на Планета 9 допрва треба да биде официјално докажано, ценетите истражувачи се сомневаат дека постои голема планета која се крие на далечниот раб на нашиот соларен систем.

Ако е оваа планета таму, тогаш би можело да се објасни зошто соларниот систем е малку надвор од рамнотежа.

Во повеќето ѕвездени системи, околните планети имаат тенденција да се ротираат во склад со својот домаќин.

Меѓутоа, во нашиот соларен систем, планетите се под агол од 6 степени од својата оска.

Иако истражувачите сега се повеќе од сигурни дека Планетата Девет е некаде таму, таа е невозможно да се открие со користење на постоечките телескопи, пишува “Washington Post”.

Доктор Сурхуд Мор, вонреден професор на Квали Институтот за физика и математика на Универзитетот во Токио, рекол: “Секогаш кога ќе направиме слика, постои можност Планетата Девет да постои на таа снимка”.

НАСА рекла: “Сега е потешко да го замислиме нашиот соларен систем без Планетата 9, отколку со неа”.

Во нашиот соларен систем исто така постои и низа други чудни карактеристики кои би можеле да бидат објаснети со Планета 9.

Една е таа што Којперовиот појас, област во облик на диск преполна со ледени астероиди, комети и џуџести планети, орбитира спротивно од планетите во него.

Текстот Научниците конечно откриваат што се крие зад Нептун? е превземен од USB.mk.