Генијално откритие во науката е пред нас, а научниците вложуваат многу надеж во него.
Научниците од Универзитетот „Кембриџ“ користеле наномашини – микроскопски мали роботи, за да создадат вештачка кожа што ја менува бојата на светлина, пренесува веб-страницата CNET.
Материјалот се состои од ситни честички злато обложени со полимерна школка, кои потоа се ставаат во микроскопски капки вода во масло. Кога се изложени на топлина или на светлина, честичките се спојуваат и бојата на кожата се менува.
Научниците го моделирале дизајнот на кожата според кожата на животните, како камелеоните и сипите, кои може да ја променат својата боја благодарение на хроматофорите во нивната кожа.
Бојата на кожата се одредува според оддалеченоста на честичките. Ако наночестичките се рашират, бојата ќе биде црвена, а ако се споени, изгледааат темносини. Засега, со оглед на тоа дека истражувачите развиле само еден слој, кожата може да промени само во една боја. Со додавање повеќе слоеви, промената на бојата на кожата би можела да биде подинамична.
Извор: B92.net
Текстот Научниците креирале вештачка кожа која ја менува бојата е превземен од USB.mk.