Неодамна откриените егзопланети Kepler-107b и Kepler-107c би можеле да понудат уникатен увид во тоа како е формиран светот, со оглед на тоа што имаат идентични радиуси како радиусот на Земјата, но различна густина.
Новото истражување на научници од италијанскиот Национален институт за астрофизика и на научници од Универзитетот во Бристол испитува како планетите во ист систем , со слична големина, можат да имаат широк распон на густина. Истражувањето се одвива со помош на телескоп во Шпанија.
Според студијата, причината поради која двете егзопланети се толку различни во многу компактен систем на планетите е бидејќи се создадени во услови кои многу се разликуваат. Или се случило нешто многу драматично по што формирањето драстично ја променило нивната густина.
Научниците веруваат дека се случил катастрофален судир одговорен за различните густини.
Потеклото на Kepler-107c може да им помогне на научниците да ја разберат мистеријата на нашиот Сончев Систем.
Извор: B92.net
Текстот Научниците на чекор од откривање на мистеријата за Сончевиот Систем е превземен од USB.mk.