Физиката суштински се фокусира на силите кои го контролираат нашиот познат, видлив универзум управувајќи со произведувањето на топлината на сонцето до начинот на кој што работи вашиот лаптоп.
Тоа се гравитацијата, електромагнетизмот, слабата интеракција (или слабата нуклеарна сила) и силната интеракција.
Новото истражување можеби ќе нè доближи до постоењето на уште една сила, објавија од CNN.
Научниците од Институтот за нуклеарно истражување при Унгарската академија за науките, објавил откритие кое покажува можен пример за петтата сила на дело.
Тие набљудувале како атом на хелиум во „возбудена“ состојба емитувал светлина додека се распаѓал. Честичките се поделиле под невообичаен агол од 115 степени што со познатата физика не може да се објасни.
Водачот на научниот тим Атил Кразнокорхај изјавил дека ова е вторпат како детектирале нова честичка која ја нарекле X17 затоа што истражиле дека нејзината маса е 17 мегаелектронволти.
„X17 може да биде честичка која го поврзува нашиот видлив свет со темната материја“ – изјавил Кразнокорхај.
CNN потсетуваат дека унгарските научници пред три години објавиле сличен научен труд кога проучувале друг изотоп, Берилиум 8 кој се распаѓал во приземна состојба и виделе дека електроните и протоните се одвојуваат од атомот под невообичаен агол.
Новото откитие би можело да ја промени физиката каква што ја познаваме или пак станува за лабораториска грешка.
Џонатан Фенг, професор по физика и астрономија на Универитетот во Калифорнија вели дека долги години ја следел работата на унгарскиот научен тим и дека нивната работа би можела да ја смени физиката.
„Доколку тие резултати би можеле да се повторат, ова ќе биде за Нобелова награда без мака“ – додал тој.
Унгарскиот научен тим кон петтата невидлива сила се однесува како кон “протофобична сила“ што значи дека честичките се “плашеле“ од протоните. Додека нуклеарните физичари ширум светот се обидуваат да најдат грешка во работата на унгарските колеги, Фенг вели дека и неговиот тим ги споредува резултатите на експериментот со “останатите во историјата на физиката“.
Единствениот начин за да се објасни X17 е моментално неоткриената “петта сила“.
Извор: Blic.rs
Текстот Научниците на прагот да ја откријат „Петтата сила на природата“ е превземен од USB.mk.