Научниците открија можен знак за живот на Црвената планета

Научници официјално потврдија дека на Марс има метан, што може да е знак дека на Црвената планета има живот.

Овој гас прв пат беше забележан на површината на Марс пред една деценија, но се отвори жестока дебата во научните кругови околу легитимноста на тоа истражување. Исто така се постави прашањето, ако е точно дека има метан на Марс, каде е изворот?

Сега тоа истражување е официјално потврдено со независна истрага.

На Земјата, метанот е еден од клучните знаци за живот на планетата и овој гас се ослободува од биолошките организми. Ако на Марс доаѓа од некој друг процес, неговото постоење на оваа планета и понатаму е од големо значење бидејќи покажува дека површината на Црвената планета е многу активна, велат научниците.

Во јуни 2013 година роверот Curiosity забележа метан на површината на МАрс, во близина на кратерот Гејл што има дијаметар од 154 километри, а се проценува дека е стар 3,5 до 3,8 милијарди години.

Сега научниците потврдија дека второто вселенско летало Mars Express детектирало метан на истото подрачје, еден ден подоцна, потврдувајќи ги резултатите од претходната мисија.

Новите откритија следат откако научниците со помош на спектрометарот поставен на леталото го испитаа гасот најден во атмосферата на Марс во близина на кратерот Гејл. Тие исто така користеа и геолошки анализи.

Потврдија дека метанот се ослободува во атмосферата на Марс од неговата површина, во близина на кратерот.

Тоа послужи како трага за понатамошно истражување да се утврди од каде потекнува метанот.

Иако веќе 10 години се знае дека има метан на Марс, се отвора дебатата дали неговиот извор се микроорганизми или геохемиски реакции на површината на Црвената планета?

Ако неговиот извор се микроорганизми, научниците може да набљудуваат и да откријат кој вид на живот постои на Марс, стои во извештајот објавен во магазинот Nature Gеoscience.

Можно е метанот да се ослободува на различни локации на Марс, во мали и кратки „епизоди“ во зависнист од процесот во кој се создава овој гас.

Извор: B92.net

 

Текстот Научниците открија можен знак за живот на Црвената планета е превземен од USB.mk.