Меѓународен тим на научници и астрономи открија речиси идентичен близнак на нашето Сонце, а ова откритие претставува ветувачки чекор напред кон наоѓање на нов свет каде би можело да се насели човекот.
Се проценува дека 85 проценти од сите ѕвезди се во бинарни парови, а можеби дури и тројки и четворки, бидејќи ѕвездите се формираат во „ѕвездени мрестилишта“ што се всушност облаци од гасови и прашина во кои се формираат илјада ѕвезди.
Имајќи го тоа предвид, со користење на најмодерни техники и најновите астрометрички податоци од вселенската опсерваторија GAIA на Европската вселенска агенција (ESA), научниците од Институтот за астрофизика, наука и вселена во Португалија веруваат дека најдоа речиси идентична ѕвезда со нашето Сонце, оддалечена околу 184 светлосни години.
„Со оглед на тоа дека нема многу информации за минатото на Сонцето, проучувањето на оваа ѕвезда може да ни помогне подобро да разбереме каде во галаксијата и под кои услови настанало Сонцето“, изјави астрономот Вардан Адибекјан.
Исто како и нашето Сонце, HD186302 е главна ѕвезда од тип G, малку поголема од наводната „близначка“ и има приближно иста температура, светлина и сличен хемиски состав. Исто така е стара 4,5 милијарди години.
Овие податоци се клучни, бидејќи големината, староста, температурата, светлината и хемискиот состав на нашето Сонце ги нудат најпознатите предуслови за живот на планетата Земја.
„Ако имаме среќа, и близначката на нашето Сонце има планета од карпест тип во зоната каде е можен живот кога таа планета би ја ‘контаминирале’ со семето на животот на Земјата, би имале Земја 2.0 што кружи околу Сонце 2.0“, вели тој.
Претходен кандидат за ѕвезда многу слична на нашето Сонце беше ѕвездата HD162826 од тип F, откриена во 2014 година. Ѕвездите од тип F се сини и бели, потопли од нашето Сонце, имаат поголема маса и во просек се 1,7 пати поголеми од Сонцето. Исто така се и многу посјајни.
Извор: Klix.ba
Текстот Научниците открија речиси идентичен близнак на нашето Сонце е превземен од USB.mk.