Откако беа откриени црните дупки, досега никој не успеа да направи фотографија, а се чини дека сега научниците конечно најдоа решение за тоа.
Научниците најавија дека во следните неколку дена на повеќе прес-конференции ширум светот ќе ја објават првата фотографија од црна дупка која што е направена некогаш, соопштија од Европската вселенска агенција.
Поточно, ќе биде објавена фотографија од супермасивната црна дупка „Стелец А“ која се наоѓа во срцето на нашата галаксија Млечен пат.
Сепак, најинтересното прашање е како научниците успеале да ја фотографираат црната дупка, ако една таква црна дупка е невидлива за нашите телескопи. Токму поради тоа се претпоставува дека всушност деновиве ќе видиме хоризонтална претстава на оваа појава, односно работ на црната дупка, таканаречениот „хоризонт на случувања“ од каде што светлината не може да излезе.
They've captivated us for decades, but we've never actually photographed a black hole before – until now. https://t.co/PrBOIsASQz
— USA TODAY (@USATODAY) April 3, 2019
Станува збор за амбициозен проект за кој е задолжена мрежа од 9 радио опсерватории ширум светот.
„Со оваа кооперативна техника можеме да постигнеме создавање на фотографија со многу подобра резолуција, отколку било кој телескоп може да направи индивидуално. Високата резолуција е клучна за детекција на црната дупка, која што иако е 30 пати поголема од Сонцето, сепак е премногу оддалечена. Се наоша на 26,000 светлосни години од Земјата“, објаснија научниците.
Доколку проектот биде успешен, ќе го добиеме првиот конкретен тест на општата теорија за реалтивитет на Ајнштајн според која сенката на хоризонтот на случувањето треба да биде кружна.
Прес конференциите, на кои идната среда истовремено ќе биде прикажано нешто што човековото око досега не го видело, истовремено ќе се одржат во САД, Брисел, Сантијаго, Шангај, Тајпеј и Токио.
Текстот Научниците пронајдоа начин да фотографираат црна дупка! е превземен од USB.mk.