Научниците создадоа уред што Wi-Fi го претвора во електрична енергија (ВИДЕО)

Новата револуционерна направа која ја иновираа група научници WiFi сигналот го конвертира во електрична енергија која има доволен капацитет за полнење на мобилни телефони, таблети и слични „гаџети“.

Станува збор за уредот наречен „Rectenna” (rectifying antenna), која електромагнетната енергија ја претвора во еднонасочна електрична енергија.

Тимовите научници од МИТ Универзитетот во Мадрид успеале да конструираат антена , која електромагнетните бранови, како WiFi, ги прима како бранови на наизменична струја. Нив ги праќа во дводимензионален полупроводник, што ги претвора во еднонасочна струја и при тоа се произведуваат околу 40 микровати.

Не е многу, но сепак е доволно за осветлување на ЛЕД сијалица или да се наполнат силициумските чипови. „Rectenna“ иновацијата може да се поставува на поголеми површини, и тоа како тапет на ѕид или пак да се користи во флексибилните смартфони.

Технологијата би можела да се користи и во медицината во инплантите или сензорите, кои би можеле да се проголтаат. Сепак докторите се скептични, зашто во тој случај би можело да дојде до протекување на опасниот литиум и до смрт на пациентот, така што оваа технологија би требало дополнително да се истражи.

Текстот Научниците создадоа уред што Wi-Fi го претвора во електрична енергија (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.