Истражувачите при Унизверитетот Јеил предвиделе како се движат очите на луѓето кога тие гледаат природни пејсажи – голем напредок во разбирањето на човечкиот визуелен систем, кој исто така може да ги подобри напорите на вештачката интелигенција кога станува збор за развојот на автономните автомобили, пишува Science Daily.
“Ние сме визуелни суштества и фундаментално важно е тоа што знаеме дека мозокот брзо пресметува каде да се погледне“, вели Марвин Чун од Јеил, професор по психологија и невронаука, и коавтор на ново истражување објавено во списанието “Природни комуникации“.
Движењата околу очите се детално проучени, а истражувачите сега можат со сигурност да кажат каде ќе биде насочен погледот кога се појавуваат различни елементи во животната средина. Она што останува нејасно е тоа како мозокот ја оркестрира оваа способност, која што е толку фундаментална за опстанокот.
Во претходното истражување за “читање на умот“, тимот на Чун успешно реконструирал фотографии на лица додека луѓето биле скенирани во МРИ машина, врз основа на податоците кои ги давал само мозокот.
Во новото истражување, Чун и главниот автор Томас П. О’Конел преку сличен пристап покажале дека со анализирање на одговорите на мозокот на сложени, природни пејсажи, тие можат да предвидат каде луѓето ќе го насочат своето внимание и погледот. Ова било овозможено преку анализирање на податоците од мозокот со длабоки нервни мрежи – модели кои се користат и кај вештачката интелигенција.
“Работата претставува совршена комбинација на невронски мрежи и наука за податоци“, рекол Чун.
Новите наодите имаат голем број на потенцијални примени – како што се тестирање на натпреварувачки системи за вештачка интелигенција кои ги категоризираат сликите и насочуваат автономни автомобили.
“Луѓето можат да гледаат подобро од системите со вештачка интелигенција. Разбирањето како мозокот ги изведува своите сложени пресметки е крајната цел на невронски мрежи и придобивките од вештачката интелигенција“, додал Чун.
Текстот Научниците знаат како се движат вашите очи кога гледате природен пејсаж е превземен од USB.mk.