Оваа година нè очекуваат три затемнувања на Сонцето и две затемнувања на Месечината. За жал, затемнувањата на Сонцето нема да бидат видливи од нашиот регион.
Првиот спектакл на небото нè очекува веќе на 6-ти јануари кога ќе се случи делумно затемнување на Сонцето, а наредните две затемнувања кои ќе бидат целосни, ќе се случат на 2-ри јули и 26-ти декември.
Во затемнувањата на 6-ти јануари и 26-ти декември ќе можат да уживаат жителите на Азија, додека спектакуларната глетка на 2-ри јули ќе биде загарантирана за жителите на Јужна Америка. Во Европа ќе можат да се набљудуваат двете затемнувања на Месечината. Веќе на 21-ви јануари, доколку дозволуваат временските услови, повеќе од еден час ќе имаме можност да уживаме во затемнувањето. Интересно, истовремено нашиот сателит ќе биде “Супермесечина”.
“Супермесечина” е појава кога Земјиниот сателит е на една од најмалите оддалечености од нашата планета и истиот изгледа поголем и посјаен од вообичаено. Кога Месечината е во најблиската точка во однос на Земјата, пречникот на нејзиниот диск набљудуван од Земјата е дури за 14 отсто поголем отколку кога е во најоддалечената точка.
Затоа, на 21-ви јануари ќе имаме прилика да ја набљудуваме “крвавата Супермесечина”, што е навистина спектакуларна појава.
Делумното затемнување на Месечината ќе се случи на 16-ти јули, кога во сенка ќе бидат две третини од дискот на Месечината.
Исто така, на 11-ти ноември ќе можеме да ја видиме појавата која се случува само 13 пати во 100 години, а тоа е поминувањето на Меркур точно пред Сонцето.
Извор: B92.net
Текстот Нè чека спектакуларно небо во 2019: Три помрачувања на Сонцето и две на Месечината е превземен од USB.mk.