На плажата Меримбули во австралиски Нов Јужен Велс атмосферата била како на Марс или во некој застрашувачки хорор филм.
Небото било сосема црвено, а во воздухот имало црн чад. Пепелта ја прекрила плажата и изгледало како песокот да има црна боја.
“Има црни наслаги на плажата. Има многу евакуирани луѓе, а некои од нив останаа само со автомобил и шатор”, рекла Џорџин Бизли.
The skies in Australia are RED as black ash covers the beaches
Posted by Daily Mail Video on Понеделник, 06 јануари 2020
Нагласила дека поради пожарите се стемнува во околу 16 или 17 часот, иако обично мрак паѓа во 21 часот.
Властите во саботата им наложиле на жителите на Еден да се евакуираат кон Меримбули.
Само во сојузната држава Нов Јужен Велс горат околу 150 пожари, а 60 се и натаму активни.
The locality below where my mum’s place is located has been told it’s too late to leave. My brother and mum’s partner have thankfully made the hard decision to leave the house and head to Merimbula #AustraliaBurning pic.twitter.com/4eUocYpj4F
— Jordyn Beazley (@jordynbeazley) January 4, 2020
Текстот Небото крваво, а плажата црна! Ова се последиците од пожарите во Австралија (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.