Нема повеќе чекање на црвено: Технологија која ја сакаме во секој автомобил

Jaguar Land Rover развива технологија, која поврзувајќи се со сообраќајната инфраструктура како семафорите, на возачите ќе им ја советува брзината на движење, со цел секогаш да го фатат зеленото светло.

Дали на фрустрациите со чекање на црвено на семафорите наскоро ќе им дојде крај? Ако може да им се верува на луѓето во Jaguar Land Rover, технологијата која моментно ја развиваат би требало радикално да ги намали сообраќајните гужви и чекањето на семафорите и има потенцијал да го револуционира градското возење, да го скрати времето кое го поминуваме во возилата и да го намали стресот и загадувањето.

Системот кој го развиваат е наречен GLOSA (Green Light Optimal Speed Advisory) и е базиран на V2X технологија, односно начинот на кој возилата комуницираат со инфраструктурата како семафорите. Таквата комуникација со сообраќајната инфраструктура им овозможува на автомобилите со GLOSA системот, точно да знаат кога ќе се вклучи црвеното или зеленото светло и според тоа ќе го советуваат возачот со која брзина треба да вози.

Врз основа на овие информации, возачите ќе ја зголемуваат и намалуваат брзината, со цел секогаш да го фатат зеленото светло, а оваа технологија Jaguar моментно ја тестира на моделот Jaguar F-Pace. Секако, за да може да се искористат сите нејзини можности, освен системот во самите автомобили, потребно е да се има и сообраќајна инфраструктура, која ќе овозможи најзино користење, односно поврзување на автомобилите со семафорите. Ако другите возила во сообраќајот не можат да се поврзат со семафорите и немаат информации за брзините со кои треба да се движат за да поминат без чекање на црвено, лесно може да влезат во сообраќајна гужва и да заглават во сообраќајот, без оглед на технологијата која се користи.

Освен GLOSA системот, Jaguar моментно развива уште една корисна технологија, која на возачите би требало да им го олесни пронаоѓањето на слободно место за паркирање и систем на предупредување, ако на возилото му се приближува итна помош или пожарникари кои треба да бидат пропуштени.

 

Текстот Нема повеќе чекање на црвено: Технологија која ја сакаме во секој автомобил е превземен од USB.mk.