Во бразилската држава Минас, аматери со мобилен телефон успеале да снимат несекојдневна глетка – дожд од пајаци!. Иако изгледа фасцинантно, водено е и многу вознемирувачко, особено за оние кои имаат фобија од инсекти.
На видеото се гледа како пајаците лебдат во воздухот над шумите во овој дел од Бразил. Според очевидци, жителите на Бразил релативно често гледаат ваков спектакл, и ова се случува главно во вечерните часови во топлите денови, кога на небото има и многу повеќе пајаци од оние кои сега можат да се видат на видеото.
Адалберто Дос Сантос, професор на Сојузниот универзитет во Минас Жераис, вели дека во реалноста “пајаковиот дожд” е всушност лов за членконоги – акција која пајаците ја преземаат со заеднички труд. Тие заедно плетат огромна мрежа која е толку тенка што е тешко е да се види со голо око. Поради ова, се чини дека пајаците лебдат во воздухот.
Текстот Необичен феномен: Забележан дожд од пајаци во Бразил (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.