Археолози пронашле скриени тунели и пештера под еден од најважните археолошки наоѓалишта во близина на главниот град на Мексико.
Скриениот подземен премин и пештера со пречник околу 15 метри се пронајдени околу 7 метри под Пирамидата на Месечината, втора најголема пирамида во Мексико.
Помеѓу другото, Вероника Ортего, директорка на проектот, објаснила дека е во фокус понатамошно истражување на токму новооткриениот обреден простор за кој еден дел од експертите верува дека се поврзани со ритуали посветени на подземниот свет. Тоа биле обичаи на стар индијански народ нарече Толтека.
Пирамидата на Месечината била изградена во Теотивакан, најголемиот градски центар на Централна Америка, или античко Мексико. Од своето основање, во првиот век од новата ера до падот, по речиси 700 години, Теотивакан бил најголемиот град на западната хемисфера.
Текстот Неверојатно откритие: Што се крие под древните пирамиди? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.