Невроните во мозокот се извор на долговечноста

Научниците од Универзитетот Вандербилт (САД) дошле до заклучок дека бројот на неврони во церебралниот кортекс на мозокот има поголем ефект врз долговечноста, отколку здравиот начин на живот и телесната маса.

Досега, главни фактори за долговечноста, според науката, беа телесната маса и метаболичката стапка. Сепак, се покажа дека ова функционира само во 20-30% од случаите. Во исто време, бројот на кортикалните неврони може точно да предвиди колкав е очекуваниот животен век во 75% од испитаните случаи.

Ова го објаснуваат со фактот дека церебралниот кортекс игра клучна улога во прилагодувањето кон животната средина и реагирањето на стресот.

Текстот Невроните во мозокот се извор на долговечноста е превземен од USB.mk.