Nissan нагласува дека рацете треба да бидат на управувачот кога го користите системот ProPilot Assist за полуавтономно управување.
Јапонската марка на домашен терен оваа есен ќе воведе вистинско hands-free возење, кое доаѓа со втората генерација на РroРilot, исполнувајќи го на тој начин своето ветување дека ќе лансира автономен систем со автоматска навигација за возење по автопат до крајот на деценијата.
Главната предност е обезбедувањето на целосно автономно возење на автопат. Системот е способен за менување на ленти, поминување на други автомобили и помош при напуштање на лентата. Сегашниот систем не дозволува промена на лентата, ниту пак „соработува“ со системот за навигација.
Новата технологија ќе го задржи јапонскиот бренд на лидерската позиција кога станува збор за автономно возење, што е исто така приоритет на новата стратегија на Nissan, вели Текуја Иџима, директор на секторот за автономен развој.
ProPilot 2.0 содржи сет од седум камери, пет радарски сензори и 12 сонарни сензори. Пакетот се заокружува со 3D навигација со висока дефиниција. Сепак, нема лидари, сензорска технологија базирана на ласери, која е „хит” во светот на автономното возење. Иџима вели дека комплетот на сензори на Nissan и мапирањето се исто толку добри.
Целиот текст е достапен на порталот Додај Гас
Текстот Nissan воведува систем на автономно возење на автопат во сериско производство е превземен од USB.mk.