Њујоршката полиција набави 14 дронови за своите активности

Полицијата во Њујорк соопшти дека набавила 14 дронови, кои планира да ги користи во текот на своите активности ширум метрополата. Овој потез на полицијаата предизвика реакција на групите за заштита на човековите права, кои се загрижени поради мотивите за набавката на беспилотните летала.

Во полицијата се вработени вкупно 29 службеници, кои се обучени да користат дронови. Се очекува дека леталата ќе бидат користени во текот на полициските активности за време на големите настани во градот, како што се концертите, но и во текот на заложничките ситуации и истраги на местата на злосторство. Од полицијата, исто така е соопштено дека не планираат да ја користат новата технологија за спроведување на сообраќајните закони, ниту за надзор на граѓаните.

Полицискиот комесар James P. O’Neill изјави дека њујоршката полиција секогаш мора да биде подготвена да ја користи новата технологија, која константно напредува.

 

Текстот Њујоршката полиција набави 14 дронови за своите активности е превземен од USB.mk.