Добитникот на Нобелова награда за астрофизика, Мајк Мејор, смета дека човештвото треба да се сосредоточи на решавање на проблемите на планетата Земја, а не да трага по живот на друга планета.
Мајк Мејор и неговиот колега, исто така добитник на Нобеловa награда, Дидиер Квелоз, ја откриле во 1995 година првата егзопланета која има сличен потенцијал со развојот на животот на Земјата.
Тие пресметале дека таа е на исто растојание како и Земјата, дека има своја ѕвезда и дека најверојатно има вода на неа.
Но, Мејор вели дека полагањето надеж во свет надвор од нашиот Сончев систем е „глупава идеја“.
„Ако зборуваме за егзопланети, работите треба да бидат јасни: ние нема да мигрираме таму. Овие планети се премногу далеку“, рече тој за агенцијата Франс-прес.
Добитникот на Нобелова награда по астрофизика смета дека човештвото треба да се фокусира на решавање проблеми на планетата Земја.
„Ние мора да се грижиме за нашата планета“, вели тој.
Климатските промени се забрзуваат со зголемувањето на нивото на јаглерод диоксид, со зголемувањето на нивото на морето, а глечерите се топат побрзо од кога било, предупредуваат експертите. Ова мислење доаѓа од Светската метеоролошка организација , која учествуваше на Самитот на ООН за климатски промени.
Текстот Нобеловец тврди дека животот на друга планета е глупост е превземен од USB.mk.