Норвешка добива робот поштар (ВИДЕО)

Норвешкиот град Конгсберг го добива првиот робот поштар. Тој ќе им доставува писма и пакети на жителите, а донесен е пред три дена од САД.

Порталот „Норвешка денес“ истакнува дека ова е првиот робот од овој тип во земјата. Ако сè е во согласност со планот, роботот поштар наесен може да ги замени поштенските сандачиња.

Според планот на „Норвешката пошта“, роботот ќе се движи од поштенскиот магацин во обиколка, и тоа сосема сам. Жителите ќе бидат известени електронски кога роботот поштар е во нивното соседство. Така тие ќе може да излезат и да ја соберат поштата во времето и на местото што им одговара.

Партнер во овој проект на „Норвешката пошта“ е „Бади мобилити“, фирма со седиште во Калифорнија, управувана од норвешки претприемач.

Текстот Норвешка добива робот поштар (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.