Андерс Индсет е познат филозоф и автор од Норвешка кој силно застанува на страната на технологијата. Тој вели дека не ја смета технологијата за добра, ниту за лоша, туку дека таа е „двете работи истовремено“. Според Индсет, прашањето не треба да биде „како може да ни помогне технологијата“, бидејќи тоа само би ја ограничило нејзината намена.
Тој вели дека алгоритмите стануваат подобри и попаметни, а со тоа поспособни од човекот за да учат нови работи. Во таквиот свет доминиран од технологија, човекот не е неопходен, но е единствениот вид кој е свесен и може да креира теориски идеи. Поради тоа, Индсет смета дека човечкиот вид не е најпаметен на светот ама сепак има улога во развивањето на животот на Земјата каков што го знаеме.
„Филозофијата отсекогаш била околу нас, само мораме да ја направиме практична“, вели Индсет и додава дека нашите проблеми можат да се решат со древна филозофија, преку комбинирање на елементите од минатото кои се кријат пред нашите очи.
За Индсет, чувствителноста е родното место на креативноста и тоа е главното начело према кое треба да се држат политичките лидери и претприемачите. Таа во иднина би можела да му помогне на човечкиот род да ги усоврши алгоритмите и преку нивното знаење да го подобри својот живот.
Извор: B92.net
Текстот Норвешки филозоф: Човекот е вториот најпаметен вид на Земјата е превземен од USB.mk.