Воените власти во САД работат на несмртоносни ласери, способни да пренесуваат и гласовни пораки, со цел, на пример, да го дезориентираат непријателот или пак, толпата демонстранти.
Првичната намена е неутрализирање на насилните демонстранти. Концептот се состои во тоа што ласерот едноставно ја гори кожата на човекот-мета. Звукот пак, кој ќе се емитува од истата мрежа уреди, ќе биде висок 155 децибели. Според стручните лица, оваа технологија ќе биде поефективна од обичниот разглас.
Во овој миг системот е прилагоден за заштита на недвижни објекти, но се работи и на мобилна верзија. Минатиот месец се спроведени некои експерименти, но до полна готовност на системот, како што велат научниците, ќе бидат потребни уште пет години.
Текстот Нов моќен разглас со ласер за неутрализирање насилни демонстранти е превземен од USB.mk.