Нова фарба би можела да ги лади зградите ширум светот (ВИДЕО)

Светските метрополи како Лос Анџелес, Њујорк, Лондон, Мадрид и Париз имаат проблеми со високите температури, а сега се појави можно решение во вид на иновативна фарба.
Се работи за супстанца која функционира како фарба, но всушност е полимерски слој кој ја рефлектира сончевата светлина и ја емитува топлината во атмосферата. Полимерот би требало да помогне во ладење на зградата, но и околните подрачја.
Обичната бела боја е евтина, лесно се користи и може да ја одбива светлината, но и таа ја апсорбира топлинската енергија, поради шти полимерот е подобро решение.

 

Втората опција е дизајнирањето на згради со подобар проток на воздух, нанесување на материјал на прозорците кој ја одбива топлината и производството на поефикасните клима-уреди.

Текстот Нова фарба би можела да ги лади зградите ширум светот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.