Електричните автомобили на Tesla добиваат нова функција како превенција од обид за кражба.
Елон Маск најави лансирање на нов безбедносен систем наречен „стражарски мод“, кој треба на сопствениците на Tesla автомобили да им овозможи дополнителна заштита на возилото.
Кога оваа функција ќе се активира, системот „ја надгледува“ околината на автомобилот користејќи ги постојните надворешни камери за да забележи потенцијален ризик.
Секое движење во непосредна близина на возилото ќе се следи, а во случај само и да се допрете до автомобилот, на големиот централен екран во кабината ќе се појави порака што предупредува дека камерите снимаат, што треба потенцијалните крадци да ги одврати од намерата да го украдат или оштетат возилото.
Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас
Текстот Нова функција во автомобилите на Tesla: „Стражарски мод“ е превземен од USB.mk.