Нова вакцина против рак која веќе се применува на луѓе покажува охрабрувачки резултати, велат научниците од Националниот институт за рак во Мериленд.
Тие пренеле дека кај жена што боледува од рак на јајчниците, туморот исчезнал за 18 месеци. Вакцината дејствува на тој начин што го учи имунолошкиот систем да ги препознава клатките на карцином.
Со овој метод се екстрахираат имунолошките клетки на пациентот, така што тие можат да детектираат протеин што е заеднички за многу видови рак. Потоа модифицираните клетки повторно се инјектираат во организмот.
Професорот Јан Берзофски вели дека протеинот HER2 е присутен кај ракот на дојка, јајчници и колоректален карцином. Сличен пристап се користи и за лекување на некои форми на леукемија.
Извор: Макфакс
Текстот Нова вакцина ги препознава клетките на карцином е превземен од USB.mk.