Mercedes-Benz откри детали за еден од најмодерните производствени погони на планетата – Factory 56.
Комплексот, кој во 2022 година ќе има нулта емисија на CO2, ќе биде биде опремен со фотоволтаичен систем за електрична енергија и со автономна транспортна линија. Истовремено со тоа фабриката ќе биде вклучена кон унифицирана информациска платформа која ќе ги обединува снабдувачите со компоненти, производствените сектори и крајните корисници.
Просторот кој го зафаќа Factory 56 е 220.000 квадратни метри, што е еквивалентно на 30 стандардни фудбалски игралишта. Првите работи од новата фабрика се завршени во февруари 2018 година, а почетокот на производството е планиран за 2021 година Во фабриката ќе се произведуваат следната генерација на Mercedes-Benz S-Class, моделите од електричниот бренд EQ и идните автономни автомобили на марката.
На покривот на комплексот е поставен фотоволтаичен систем за снабдување со енергија, а на 40% од неговата површина се засадени растенија. Тоа помага да се создаде поефикасен енергетски систем и поповолна внатрешна клима.
Главната карактеристика на новата фабрика на Mercedes-Benz е отсуството на традиционална линија за производство. Нејзините функции ќе бидат имплементирани од TecLines – автономни транспортни платформи кои овозможуваат во поголемиот дел од времето возилото да стои на едно место, а не да се преместува, како што е сега.
Практично сите операции во Factory 56 ќе бидат целосно автоматизирани, а вообичаената робусност ќе биде заменета со компјутерска обработка. За испорака на неопходните компоненти, ќе се користат платформи, интегрирани со интелигентен систем за достава. Системот собира податоците за работата на целата постројка и ќе испорача материјали онаму каде што се потребни.
Како целина, во производствениот капацитет ќе функционираат 300 автономни транспортни системи.
Текстот Новата фабрика на Mercedes-Benz како од научно-фантастичен филм (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.