Новата научна студија вели: „Климатските промени ги убиваат бумбарите“

Зимите стануваа се потопли, океаните се зголемуваат поради топењето на големите површини со лед, многу промени претрпува планетата земја.

Според новата научна студија, климатската промена предизвикува еден од најголемите опрашувачи – бумарот, да биде на работ на масовното истребување.

Научниците од Универзитетот во Отава, Канада, проучувајќи 66 типови на бумбари во Северна Америка и Европа докажаа дека зголемувањето на температурите го зголемуваат ризикот од изумирање.

Според студијата, веројатноста за преживување на бумбарите се намалуваа дури за 30% во рамки на една човечка генерација.

Истражувачот Питер Сороје, на својот твитер профил го објави своето истражување.

Тој предвидува дека за 25 години, бројот на пчелите ќе се намали во просек за 46% во Северна Америка и 17% во Европа.

Од тимот на истражувачи откриваат дека климатските промени влијаат на шансите за пчелите да се колонизираат во нови области на земјата.

Онаму каде промените најмногу се чувствуваат, има најголем пад на бројот на пчелите, истакнува студијата.

Текстот Новата научна студија вели: „Климатските промени ги убиваат бумбарите“ е превземен од USB.mk.