Постојат доста материјали кои се користат за да се залечат раните: колагенските сунѓери помагаат да се третираат изгореници и рани, а имплантите се користат за поправка на коските. Сепак, процесот на поправка на ткивото се менува со текот на времето, па така научниците развиваат биоматеријали кои се во интеракција со ткивата за време на процесот на лекувањето, пишува Science Daily.
Неодамна, докторот Бен Алмквист и неговиот тим при Кралскиот колеџ во Лондон создадоа нова молекула која може да го промени начинот на кој традиционалните материјали работат со телото. Нивниот метод им овозможува на материјалите да имаат интеракција со природните системи за поправање на телото, и на тој начин го насочуваат лечењето.
Истражувачите велат дека инкорпорирањето на методите во постоечките медицински материјали може да го револуционизира начинот на лекување на повредите. “Нашата технологија може да помогне да се започне нова генерација на материјали кои активно работат со ткива за да се насочи исцелување“, потенцира Алкмвист.
Текстот Нови материјали со кои може да се забрза заздравувањето на раните е превземен од USB.mk.