Boeing направи хиперсоничен авион кој е побрз од куршум. Како што велат од компанијата, толку е брз што може да ја обилоки Земјата за помалку од 3 часа. Авионот е дизајниран да ги користи сопствените вибрации за да си ја зголеми брзината и го означува почетокот на целосно нова ера на воздухопловството.
Авионот беше претставен за прв пат минатиот месец, но дури сега пристигнуваат деталите. Хиперсоничниот авион е во стил на „waverider“. Како што кажува самото име, авионот „јава на брановите“, односно ги користи сопствените вибрации и турбуленции за да лета уште побрзо. Доколку влезе во производство, ќе биде најбрзиот авион некогаш создаден од човекот со брзина од 5 маха нагоре.
Раазвојот на овој хиперсоничен авион може засекогаш да го смени начинот на кој војуваме во иднина, затоа што заканите од небото ќе пристигнуваат толку брзо што ќе имаме само неколку минути за да ги идентификуваме и да подготвиме одбрана. Исто така, тоа значи дека доколку се направи ваков патнички авион, ќа може да го прелета Атлантикот за само 1 час, а Тихиот Океан за само 2 часа. Хиперсоничниот патнички авион би бил двапати побрз од денешниот „конкорд“.
Текстот Новиот авион на Boeing може да ја обиколи Земјата за помалку од три часа е превземен од USB.mk.