Фановите на луксузните бродови најверојатно со нетрпение ја чекаат првата тура со новиот „Титаник“ кој е во фаза на изградба. Послендите информации велат дека т.н. „Титаник II“ ќе тргне на своето прво патување од Дубаи во 2022 година. Станува збор за скоро целосната реплика на познатиот брод кој ќе замине на двонеделно патување до Саутемптон по 4 години, по што ќе започне со редовна линија меѓу Велика Британија и САД.
Луксузната реплика на Титаник ќе биде опремена со сите модерни удобности и технологии на 21 век. Оние кои се сеќаваат на судбината на оригиналниот брод ќе можат да се одморат тивко, со оглед на тоа што новиот брод ќе биде опремен со најнови навигациски и безбедносни системи.
За прв пат, изградбата на новиот “Титаник” беше објавена во 2012 година. Сепак, проектот беше запрен поради финансиски потешкотии за сопственикот – австралиската компанија Blue Star. Откако сите економски проблеми беа решени, градежните работи продолжија повторно.
Бродот е во вредност од 500 милиони долари и ќе може да собере 2400 патници и 900 членови на екипажот.
Текстот Новиот „Титаник“ ќе заплови во 2022. година е превземен од USB.mk.