Ултрабрзите ласери испуштаат кратки, брзо пулсирачки светла, при што секој пулс типично трае милијардити дел од секунда.
Најновиот од овие ласери испушта импулси 30 милијарди пати во секунда – околу 100 пати побрзо од повеќето ултрабрзи ласери, објавија научниците во магазинот “Наука” на 28 септември.
Брзината е зголемена благодарение на новата техника за изработка на ултрабрзи ласери. Вообичаено, истражувачите користат техника наречена заклучување на светлото, и со овој начин светлината се одбива назад на таков начин што светлинските бранови се градат едни со други за да создадат кратки удари.
Новиот метод опфаќа пристап со “брутална сила”, вели ко-авторот на студијата, Дејвид Карлсон, физичар на Националниот институт за стандарди и технологија во Боулдер, Коло.
Дел од Нобеловата награда за физика во 2018 година беше доделена на ултра-брзите ласерски истражувања, за метод за производство на многу интензивни, кратки ласерски импулси.
Овој напредок би можел да биде корисен за калибрирање на телескопски инструменти наречени спектрографи, кои ја раздвојуваат светлината од ѕвездите во разни бои, помагајќи им на научниците да дознаат од кои елементи се составени овие далечни објекти.
Исто така овој ласер може да биде корисен за телекомуникациите.
Истражувачите “го постигнале ова неверојатно ниво на перформанси”, вели физичарот Виктор Торес-Компас од Технолошкиот универзитет Чалмерс во Гетеборг, Шведска. “На нас е да размислуваме и да сонуваме што можеме да направиме со овој извор на светлина”.
Текстот Новите ултрабрзи ласери отвараат нови порти во технолошкиот развој на човештвото е превземен од USB.mk.